Kemal Zorlak
03 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Полната месечина синоќа го красеше небото над голем број градови, меѓу кои и преубавиот Истанбул. Голем број граѓани во градот на Босфор имаа можност да уживаат во глетката на полна месечина која остава без здив, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фоторепортерот на АА забележа прекрасни фотографии на полна месечина која се издигна над Истанбул, а особено силен впечаток оставаат фотографиите на кои се гледа како полната месечина блеска зад куполата и минарињата на Големата џамија Аја Софија.
Иако, според многумина се смета за еден од најубавите градови на светот, полната месечина синоќа му даде посебен шарм на Истанбул.