21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Пред џамијата Бејазит во Истнабул се одржува протест по повод интервенциите и нападите на израелската полиција на џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Почнувајќи од Истанбул и главниот град Анкара, невладините организации во градовите ширум Турција организираат протести и прес конференции на кои ќе ги осудат нападите на израелската полиција на џамијата Ал Акса.
Потсетуваме, израелската полиција интервенираше денеска по џума намаз (петочна молитва на муслиманите) во улициците кои водат до џамијата Ал Акса во Ерусалим. Повредени се десетици лица.
Улиците во околина на џамијата Ал Акса и различни делови на Ерусалим во едем момент се претворија во "воено подрачје".
Израелската полиција користеше гумени куршуми, звучни бомби и солзавец.
Палестинците на ваквата интервенција возвратија со камења и палење на комуналните возила.