İlkay Guder
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ќе ги посети Саудиска Арабија, Кувајт и Катар каде со тамошните функционери ќе разговара за можните решенија на кризата во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што потврдија од Претседателството на Турција, посетата ќе се одржи од 23. до 24. јули. Ердоган во Џеда ќе се состане со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз Ал Суди но и со заменикот на саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауди.
Турскиот претседател во текот на посетата на Кувајт ќе се состане со емирот Сабах ел-Ахмед ел-Џабир ес-Сабахи и Темим бин Хамед Ал Тани.
Планирани се разговори за билатералните односи на овие земји, а се очекува да бидат разменети мислења за регионални и меѓународни случувања.