Muhammed Ali Gürtaş
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Индустриското производство во Турција во месец мај се зголеми за 6,4 отсто, во споредба со истиот месец минатата година, соопшти денес Агенцијата за статистика на Турција, „ТуркСтат“ (TurkStat), јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу сите производствени индекси, најголем пораст во однос на минатата година забележаа високотехнолошките производи со зголемување од 12,2 отсто, покажуваат податоците.
На месечно ниво, во однос на месец април, вкупното индустриско производство во Турција во мај падна за 1,6 отсто.
Според „ТуркСтат“, целта на пресметувањето на месечниот индекс на индустриското производство е мерење на напредокот на економијата, како и на позитивните и негативните ефекти од економско-политичките одлуки во краток рок.