Ekip
16 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
АНКАРА
Во претседателската палата Чанкаја во Анкара се одржа 5. трилатерален Самит Турција-Русија-Иран во рамите на мировниот процес за Сирија на кој учествуваа претседателите Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес конференцијата одржана по тројниот Самит во Анкара меѓу Турција-Русија-Иран, претседателот на Турција Ердоган изјави дека е потребно да се вложат поголеми напори за да се запре војната во Сирија, нагласувајќи дека е многу важно Уставниот комитет на Сирија што поскоро да започне со својата работа.
„Се наоѓаме во период во кој, поради воспоставувањето на мирот во Сирија, мораме да вложиме поголеми напори и да преземеме поголем ризик. На Самитот се согласивме дека е потребно да се побара Уставниот комитет на Сирија што поскоро да започне со работа. Според тоа, во Женева наскоро ќе започне со работа Ууставниот комитет на Сирија и можам да кажам дека за тоа нема никакви пречки“, изјави Ердоган.
Претседателот на Турција Ердоган продолжи со зборовите: „(Троен Самит) Реков дека нема да се согласиме со една терористичка формација долж нашата граница со Сирија. Нашата крајна цел е воспоставување на мировен коридор на северот од Сирија, за да се спречи поделбата на земјата.“
Ердоган зборуваше за напорите за ваќањето на Сириските бегалци во сопствената земја и истакна:
„Веќе е потребно е да се фокусираме на безбедно и доброволно враќање на Сиријците во нивната земја. Мировниот коридор на источната страна на Еуфрат во исто време ќе претставува и заштитено пристаниште за бегалците. Сметаме дека во тој коридор ќе можат да се сместат најмалку 2 милиони Сиријски браќа кои засолниште побараа во нашата земја. Можна е изградба на нови населби за Сиријците што ќе се вратат. Во тој поглед, како Турција, подготвени сме да ја преземеме сета одговорност“
Претседателот Ердоган ги истакна напорите што Турција ги вложува за разрешување на прашањето на сириските бегалци и подвлече:
„И со Русија и Иран и со меѓународната заедница сакаме да работиме на доброволно враќање на сириските бегалци“
Иранскиот претседател Хасан Рохани зборувајќи за позиционирањето на американските сили во Сирија и местата на кои се наоѓаат терористите, истакнувајќи: „Источниот дел на Еуфрат е под контрола на САД и на тие простори има терористи“.
За напорите на земјите гаранти за Сирија и изнаоѓањето политичко решение за ситуацијата во Сирија, Рохани рече: „(Во Сирија) Во целост е формиран Уставниот комитет. Се надеваме дека комитетот ќе ја започне својата работа што е можно поскоро ќе го ревидира уставот“
Осврнувајќи се на значењето на трилатералните состаноци за изнаоѓање решение за Сирија, Путин истакна „Турција, Русија и Иран ги удрија темелите за трајно решение во Сирија.“
Тој нагласи сè додека Русија, Турција и Иран се гаранти за Процесот во Астана, тоа е механизам кој дава најефикасен придонес за процесот на изнаоѓање решение за Сирија.
Рускиот претседател Путин рече дека со заеднички напори намалено е нивото на насилството во Сирија.
Околу договорот што го постигнале земјите гаранти за Сирија, Путин изјави:
„Ние се договоривме со Ердоган и Рухани да преземеме чекори за намалување на тензиите во Идлиб. Како резултат на ригорозните активности на нашите дипломати, формиран е списокот (на Уставниот комитет) и спроведени се процедурални студии. Листата е потврдена“.
По изјавите на тројцата претседатели на заедничката прес-конференција, издаден е закључокот од Самитот.
Во заедничката декларација на трилатералниот самит се потенцира суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија и силната посветеност на принципите на ООН.
Од страна на лидерите е отфрлен секој обид за создавање нова реалност на теренот под маската за борба против тероризмот во североисточниот дел на Сирија.
Лидерите ја осудија одлуката за окупација на Голан од страна на САД со која се крши меѓународното право и претставува закана на регионален мир и безбедност
Тие го потврдија своето уверување дека со ниту едно воено решение не може да најде решение за конфликтот во Сирија, истакнувајќи дека решение може да се постигне само со политички процес, предводен од Сиријците како домаќини и и поддржан од ООН.