Tuba Şahin
13 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
АНКАРА
Првата нова генерација на технолошки центри на „Мајкрософт“ (Microsoft) во регионот на Блискиот Исток и Африка е отворена денеска во турската метропола Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на церемонијата на отворање, турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека се очекува новиот центар да додаде вредност од 2,5 милијарди турски лири (430 милиони долари) на националната економија.
„Новиот центар е доказ за довербата во Турција, ќе ги исполни потребите на домашните и меѓународните маркети преку новите генерациски технологии кои ќе бидат произведени во различни области, како што се земјоделството, производството, здравството, енергијата, автомобилската индустрија, финансиите и трговијата на мало“, вели Варанк.
„Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да ја направиме Турција да стане една од главните земји на нови технологии, како што се дигиталната трансформација и вештачката интелигенција“, рече тој.

Шефот на претседателската канцеларија за дигитална трансформација, Али Таха Коџ, рече дека отворањето на центарот е пример за чекор за меѓународни компании кои планираат да инвестираат во Турција.
Генералниот директор на „Мајкрософт“ во Турција, Мурат Кансу, рече дека центарот ќе го поддржи извозот на софтвер во земјата.
„Доставувајќи им услуги на Блискиот Исток и Африка, нашиот центар ќе биде домаќин на деловни луѓе од странство и тие ќе ги запознаат новите генерации на технологии развиени од нашите деловни партнери“, рече Кансу.
„Ќе служиме како мост кој го поврзува нашиот домашен софтвер и решенијата со меѓународните пазари преку меѓународните групи што ги нудиме“, додаде тој.
Кансу нагласи дека компанијата, исто така се стреми да ја направи Турција атрактивен центар за технологија и да ја зајакне земјата во технолошкиот туризам.