Сирискиот претседател Ал Шара изрази желба за трансформирање на односите со Туркије во стратешко партнерство
На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турскиот главен град Анкара, Ал Шара ја истакна важноста од продлабочување на партнерството меѓу двете земји
ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес изрази желба односите со Туркије да се трансформираат во стратешко партнерство, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турскиот главен град Анкара, Ал Шара ја истакна важноста од продлабочување на партнерството меѓу двете земји, нагласувајќи: „Ја потврдуваме трансформацијата на нашите односи со Туркије до длабоко стратешко партнерство во сите полиња“.
Сирискиот претседател рече дека претстојната фаза ќе се фокусира на „зајакнување на трговската размена и заедничките инвестиции, особено во проектите за обнова на инфраструктурата, со цел да се постигне економско закрепнување и да се поддржи подобра иднина за двете земји“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.