Behlül Çetinkaya
23 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Група од 25 новинари од Сирија, који престојвуаат во тускиот град Газиантеп поради учење на турскиот јазик, го посетија седиштето на Anadolu Agency (AA) во Анкара.
Во организација на Кабинетот на гувернерот на Газиантеп и Институтот „Јунус Емре" во Газиантеп овие денови престојуваат 25 сириски новинари, кои одат на курс по турски јазик.
Со сириските новинари во Анкара се состанаа со заменик генералниот директор и главниот и одговорен уредник на АА Метин Мутаноглу, уредникот за меѓународни вести на АА Омер Фарук Токат и уредник на вестите на светските јазици Мехмет Озтурк.
Мутаноглу во обраќањето на новинарите истакна дека новинарството претставува професија која е од голема важност за општеството, токму како што тоа е докторската и професорската професија.
Како што рече, докторот може да му го спаси животот на човекот, но исто така и новинарот преку своите вести може да спаси животи на голем број луѓе.
Мутаноглу изрази верување дека војната во Сирија еден ден ќе престане и дека Сиријците кои моментално престојуваат во Турција ќе бидат мост помеѓу двете земји.
„Народите на Турција и Сирија имаат многу блиски односи. Врз основа на нашата професија, новинарството, имаме можност да бидеме од корист за нашите земји но и на целиот свет", порача Мутаноглу.
Говорејќи за новинарите на АА кои ги следат случувањата во Сирија, Мутаноглу потсети дека на подрачјето на Сирија се наоѓаат околу 20 новинари на АА, како и дека фотографиите кои таму ги направиле фоторепортерите на АА се објавувани во светските медиуми како што се „Time", „Guardian", „Liberation" и бројни други.
Мутаноглу на сириските новинари им ги предочи и вестите на АА со кои случувањата од Сирија се пренесени во целиот свет.
Понатаму, наведе дека човекот го претставува главниот фактор во вестите.
„Неопходно е во коренот на новинарството да ја имате онаа логика со која ќе му бидете од корист на човештвото", смета Мутаноглу.
Додаде дека АА случувањата околу операцијата „Маслинова гранка" ги следи со 20 новинари, и укажа на обидите на клеветење на операцијата преку социјалните мрежи.
„Формиравме една екипа која се бави со идентификување на лажните вести чија мета се Турција и операцијата во Африн. Пронаоѓаме фотографии на кои во поголемиот број на случаи се злосторствата на Сирискиот режим, а се настојува да се прикажат како дека се дело на турската војска", порача Мутаноглу.
Уредникот за меѓународни вести на АА, Омер Фарук Токат, говореше за глобалната структура на АА, а во таа прилика нагласи дека агенцијата има свои претставништва во 97 земји и вработени од 107 различни нации.
Свое обраќање имаше и уредникот на вестите на светските јазици Мехмет Озтурк, кој рече дека АА, освен на турски, свои вести и материјали емитува на уште 12 јазици.
Во текот на средбата во Анкара на сириските новинари им е прикажан и краток филм за АА и информирани се за проектот на АА за Новинарска академија.