Mümin Altaş
25 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
АНКАРА (АА) – Со операцијата на Националната разузнавачка служба на Турција (MIT) во северниот дел на Ирак, во регионот Гара неутрализирани се четворица, а во Кандил двајца терористи на ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Продолжуваат операциите на турските безбедносни единици против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северен Ирак.
Во операциите на МИТ спроведени во регионот неутрализирани се четворица терористи на ПКК во Гара и двајца во Кандил.
Утврдено е дека еден од неутрализираните терористи во Гара е Нихат Ѓорен, со кодно име „Ботан“, еден од таканаречените офицери за надворешни односи на ПКК/КЏК.
Се истакнува дека терористот Ѓорен извесно време бил член во организацијата ТАК, структура на ПКК, бил повреден во операциите „Канџа“, извршени од страна на Турските вооружени сили, а по лекувањето вршел активности во Гара.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.