Barış Gündoğan
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Со операцијата на Националната разузнавачка служба на Турција (MIT) во северниот дел на Ирак, во регионот Гара е неутрализиран терористот на ПКК, Озџан Јилдиз, учесник во напад во турскиот град Хакќари 2012 година, во кој загинаа осум војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што потврдија безбедносни извори, во планинскиот регион Гара во северниот дел на Ирак, МИТ изврши операција со цел да ги неутрализира елементите на терористичката организација ПКК. Во операцијата е неутрализиран терористот Озџан, кој го користел кодното име „Доктор Роди“.
Озџан се приклучи на терористичката организација ПКК во 1999 година и учествуваше во голем број крвави терористички напади во Турција. Исто така, утврдено е дека од 2013 година, тој е таканаречен водечки член на терористичката организација ПКК за Кандил, Зап, Авашин и Синџар, региони во северен Ирак.
Оперативците на МИТ открија дека терористот Озџан од минатата година бил ангажиран на лекување другите припадници на ПКК во регионот Гара.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.