Cankut Taşdan
24 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) го неутрализира Шахин Текинтагач, со кодно име „Кендал Ермени“, челникот на терористичката организација ПКК-ЈПГ за Ајн ал Араб (Кобани), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од безбедносни извори, безбедносните сили ја утврдиле локацијата на терористот Текинтагач, кој во минатото дејствувал во име на терористичката организација во руралните подрачја на турските области Агри, Карс, Ван, Бинѓол и Битлис, и лично учествувал во многу терористички акции.
Текинтагач бил одговорен за Кобани, кој се претвори во инкубациски центар на терористичката организација ПКК и од каде припадниците на организацијата изведуваат терористички акции на пограничниот појас.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.