Gazi Nogay,Emrah Akıllı
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
ЧОРУМ (АА) - Најмалку 13 лица загинаа а 20 се повредени во сообраќајна несреќа на подрачјето Османџик во областа Чорум, во северниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата учествувале патнички автобус кој удрил во камион, по што се запалил. На местото на несреќата се пратени голем број на амбулантни возила и пожарникарски екипи. Според првичните податоци, во несреќата животот г озагубиле 13, а повредени се 20 лица.
Во тек е истрагата за несреќата. Гувернерот на Чорум, Неџмедин Килич го посети местото на несреќата. Една од хоспитализираните патници е Емине Ѓунѓор.
„Патниците во автобусот спиеја. Само јас бев будна, се грижев за своето дете. Се слушна експлозија, по што почнаа да пукаат прозорците и автобус започна да се тресе. Потоа изби пожар“, раскажа Ѓунѓор која е спасена заедно со нејзиното бебе.