Seda Sevencan
15 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
БАЛИКЕШИР
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска изјави дека успешните погранични антитерористички операции на Турција овозможиле доброволно враќање на над 414.000 Сиријци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Благодарение на безбедноста овозможена со нашите погранични операции, 414,061 Сириец доброволно се вратија во нивната земја досега“, изјави Сојлу.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, Турција во моментот е домаќин на околу 3,6 милиони регистрирани сириски бегалци со речиси 370.000 лица од други националности.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон учесниците на продемократските протести.
Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).