Nazlı Yüzbaşıoğlu
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлуд Чавушоглу, и рускиот министер за надворешни работи Сергерј Лавров утре ќе се сретнат во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу и Лавров ќе учествуваат на петтиот состанок на турско-руската Заедничка група за стратешко планирање, кој се ќе одржи во Анталија.
На овој состанок, кој се одржува пред посетата на премиерот Бинали Јилдирим на Русија, на 5-6 декември, ќе се разговара за билатералните односи и за актуелните светски теми.
Во новиот период на односите меѓу двете земји, по минатогодишниот настан со рушењето на рускиот авион, покрај темите од економијата, енергетиката, туризмот, одбранбената индустрија и соработката, на состанокот ќе се разговара и за Украина и за последните случувања во Сирија.
Двајцата колеги последен пат се сретнаа на 10 октомври, на Светскиот конгрес за енергетика што се одржа во Истанбул. На овој состанок исто така се очекува двајцата министри да разговараат за последната фаза на „Турски тек“ и проектот за нуклеарната централа „Аккују“.
Во рамките на подобрувањето на билатералните односи ќе се разгледува можноста бројот на туристи од Русија кон Турција повторно да достигне 4,5 милиони, така што одржувањето на состанокот во округот Анталија во Аланија има и симболично значење.
На состанокот во Анталија, град којшто е важен и во производството на зеленчук, се очекува да се разговара и за укинување на забраната на земјоделските и прехранбените производи на Турција, како и анулирање на секторските огранучувања на турските бизнисмени и компании.
Планирано е Лавров во вечерните часови да пристигне во Аланија.