Mehmet Kemal Firik
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Државниот обвинител во турската област Адана, Али Јелдан, во рамките на истрагата за пожарот што избувна во приватен интернат во Аладаг, во кој загинаа 12 лица, рече дека се приведени 6 лица, а меѓу нив и директорот на ученичкиот интернат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за АА, Јелдан соопшти дека во рамките на истрагата за опожарениот приватен ученички интернат во Аладаг биле приведени директорот на интернатот, тројца учители и двајца служители.
Главниот обвинител Јелдан истакна дека од загинатите 12 лица, екипата на судска медицина во Адана за децетмина од нив направила ДНК-тестови, со цел да се направи споредба со примероците од нивните блиски. За оваа цел, тестовите се однесени во Истанбул.