Hatice Özdemir Tosun
11 Март 2022•Ажурирај: 12 Март 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ги продолжува билатералните средби на првиот ден од Дипломатскиот форум во Анталија што се одржува во Конгресниот центар НЕСТ во туристичкиот регион Белек.
Турскиот министер оствари средба и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и црногорскиот министер за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ.
Чавушоглу прво се сретна со Столтенберг, а потоа се сретна со Радуловиќ и Османи.