Burcu Çalık
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и британскиот премиер Борис Џонсон разговараа телефонски, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на претседателот на Турција се наведува дека Ердоган му упатил честитки на Џонсон по повод именувањето на позицијата премиер и му посакал многу среќа и успех во понатамошната работа.
Ердоган, исто така истакнал дека Турција и Велика Британија се важни стратешки партнери, изразувајќи надеж дека односите помеѓу двете земји во претстојниот период дополнително ќе напредуваат на сите полиња.