Dilara Hamit
31 Јули 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
БУРДУР (АА) - Белата плажа и кристално чистата вода на езерото Салда во југозападна Турција, со глетката на зајдисонцето што воодушевува, привлекуваат голем број туристи, како и голем број парови кои прават свадбени фотографии покрај езерото, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на Министерството за храна и земјоделство во областа, Риза Камил, за АА изјави дека езерото во областа Бурдур, кое исто така е познато и како турски Малдиви, претставува популарна дестинација за туристите во текот на изминатите години.

„Езерото ја добива својата боја од тиркизната вода и песочните плажи и ве носи во свет на соништата за време на зајдисонцето“, изјави тој.
Камил истакна дека посебната убавина на езерото Салда и неговата околина е заштитена за идните генерации бидејќи подрачјето е дел од специјална заштитена зона.

Сефа Сајлик, иден младоженец кој дошол да направи свадбени фотографии, изјави дека тој и неговата вереница сакале да направат специјални спомени, одејќи покрај брегот на езерото за време на зајдисонцето.
Јасемин Онѓун, туристка од Германија со турско потекло, изјави дека по втор пат доаѓа на тоа местои порача дека секој треба да го посети езерото Салда.