Handan Kazancı
29 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес телефонски разговараше со неговиот германски колега, Хеико Мас, во врска со спорот меѓу Азербејџан и Ерменија и Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Телефонскиот разговор е реализиран неколку дена по избивањето на судирите на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, откако Ереван започна напади во кои животите ги загубија цивили.
Пограничните судири избија откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.
Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четирите резолуции на Советот за безбедност на ОН и двете резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу останатите, апелираат на итен прекин на судирите во окупираниот регион.
Авганистан и Азербејџан имаат заеднички пријателски врски. Азербејџанските трупи се ангажирани и во мисиите за обука на авганистанските безбедносни сили, предводени од НАТО.