Hasan Hüseyin Kulaoğlu,Kenan Irtak,Sefa Mutlu
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Силно невреме го погоди денес Истанбул и доведе до потешкотии при извршувањето на секојдневните обврски на жителите на најголемиот град во Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Силни врнежи од дожд, грмежи и град го зафатија градот на два континента. Невремето создаде и голем метеж во сообраќајот, а неспремните граѓани бараа засолниште.
Некои возила останаа блокирани во водата. Во тек се акциите на пожарникарите и спасувачките екипи.
Причинета е и материјална штета на некои возила и станбени објекти.
Кратко во прекин беше и сообраќајот на трамвајот кој сообраќа на релацијата Кадикој - Мода.