Erdal Türkoğlu
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Терористите на ПЈД/ПКК од Африн извршија ракетен напад врз Рејханли, недалеку од Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, ракетата која терористите ја испукале од Африн паднала на ненаселено подрачје.
Во нападот нема жртви ниту ранети.
Турските сили, кои се наоѓаат во пограничното подрачје, со артирелиски оган возвратија на ракетниот напад на терористите.
Операцијата, во која учествуваат и припадници на Слободната сириска војска, покрената е во сабота со цел воспоставување на безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.