Burcu Çalık
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изнесе критики на сметка на оние кои ѝ порачуваат на Турција дека треба што поскоро да ја заврши операцијата на северот на Сирија и запраша што би направиле тие доколку некој со ракети гаѓа нивни цркви и убива луѓе кои во нив се молат, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше во Анкара со градските претставници на турската Партија на правда и развојот (АК Парти), а во таа прилика се осврна на актуелните случувања, со осврт на офанзивата Маслинова гранка.
„Им порачувам на оние кои нам ни даваат совети дека ‘мораме што поскоро да ја завршиме операцијата’, доколку некој од ваша непосредна близина фрла ракети на градовите на вашите земји, бомбардира и отвора оган, што би направиле вие? Со ракети да гаѓаат ваши цркви и убиваат луѓе кои во нив се молат, каква би била вашата реакција?", истакна Ердоган.
Турскиот претседател рече дека операциите во Сирија ќе траат сѐ до неутрализација до последниот терорист во таа земја.
Истакна дека исто така, операцијата „Маслинова гранка" е пример на оние кои не сакаат да ја разберат одлучноста на Турција во борбата против тероризмот.
Уште еднаш порача дека мета на операцијата „Маслинова гранка" се само терористичките организации и терористи.
„Од тука уште еднаш му повторувам на целиот свет. Операцијата на Турција во Африн има за цел само и само терористички организации и терористи. На оние кои во Европскиот парламент оваа операција се обидуваат да ја прикажат како инвазија им порачувам примерите на инвазија во минатото да ги бараат во Либија, Руанда и Мали. Кој и како вршел инвазии, проверете во тие земји. Турскиот народ и турската војска никогаш не настапувале напаѓачки", рече Ердоган.