Yunus İçen
13 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
АНТАЛИЈА ( АА) - Светскиот шампион во билјард Ралф Екерт со еденочасовно шоу ја воодушеви публиката во турскиот туристички бисер Анталија, јавува Anadolu Agencу (АА).
Во местото Кемер во Анталија се одржува националното првенство во билјард, а специјален гостин е германскиот Екерт ги собра сите симпатии на публиката и покажа дека го заслужува епитетот "Виртуоз " на билјард маса.
Екерт изведе десетина потези кои се плод на итрина, геометриска точност, прецизност и упорна обука. Врвот на шоуто се случи кога Екерт повика еден од гледачите и го постави на маса. Со прецизен погодок топчето од нејзината уста го уфрли во дупката на масата.
Билјардот е спорт кој во последната година бележи експанзија и популарност во сите делови на светот, а токму ваквата игра на одличните мајстори значително придонесува за развој на играта.