Ayşe Hümeyra Atılgan
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ВАН (АА) - Најмалку 11 лица загинаа додека четири се повредени во стравична сообраќајна несреќа на камион и минибус кој пренесувал наставници и студенти, во Ван, источниот дел на Турција, рано утринава, јавува Anadolu Agency.
Наставниците и студентите, кои се наоѓале во минибусот, патувале од округот Ерџиш во Ван кон центарот на градот на испит, рече гувернерот на Ван, Ибрахим Ташјапан.
На местото на несреќата излезе крим-полицијата за да направи увид на местото, додека повредените се пренесени во најблиската болница.