Туркије: „Вториот круг од претседателските избори ќе се одржат на 28 мај“
Претседателот на турската ЈСК Ахмет Јенер соопшти дека ниту еден од кандидатите пријавени на претседателските избори не успеал да освои доволен број гласови за победа во првиот круг и затоа вториот круг од изборот за претседател да се одржи на 28 мај
АНКАРА (АА)
Во Туркије на 28 мај ќе се одржи втор круг на претседателските избори откако ниту еден кандидат не освои целосно мнозинство на изборите вчера, објави шефот на ЈСК, јавува Анадолу.
„Првиот круг на гласање не заврши со избор на ниту еден кандидат, кој не го надмина потребниот праг од 50 отсто, но актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган го презеде водството“, изјави Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), цитирајќи неофицијални резултати.
„Отворени се 100% од гласачките кутии во земјата. Излезноста на гласачите на изборите вчера изнесуваше 88,92 отсто, а излезноста на турските граѓани во странство беше 52,69 отсто“, рече Јенер.
„Продолжува внесувањето на податоците за 35.874 гласачки ливчиња дадени во странство“, истакна тој.
Ердоган, заеднички кандидат на Народната алијанса, и неговиот најблизок конкурент Кемал Киличдароглу, претседател на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и заеднички кандидат на шестпартиската опозициска Национална алијанса, ќе се соочат во вториот круг.
„Ердоган го заврши првиот круг на избори со 49,51 отсто од гласовите, а Киличдароглу е на второ место со 44,88 отсто“, рече Јенер.
„Синан Оган од Алијансата АТА (Предци) доби 5,17 отсто, додека Мухарем Инџе, кој се повлече од претседателската трка кон крајот на минатата недела, откако гласачките ливчиња веќе беа печатени, доби 0,44 отсто“, додаде Јенер.
Милиони гласачи излегоа на гласање вчера за да ги изберат претседателот на земјата и членовите на нејзиниот Парламент од 600 места.
Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а првпат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.
За гласачите во земјава беа поставени вкупно 192.214 гласачки кутии.
Секој гласач гласаше по две ливчиња, едното за претседател, а другото за парламентарни пратеници, од кои сите треба да служат петгодишен мандат.
На изборите учествуваа 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.