Rauf Maltaş
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ШАНЛИУРФА (АА) - Припадник на терористичката организација ДЕАШ фатен е во местото Џејланпинар, во турската област Шанлиурфа, при обид од Сирија илегално да премине во Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Во граничниот појас засилени се безбедносните мерки по дојавата дека терорист ќе се обиде да влезе во Туркије.
Тимови на борбата против тероризам на самата граница фатија терорист на ДЕАШ.
Откако му е извршен лекарски преглед, лицето е приведено во Командата на жандармеријата за понатамошно испитување.