Турција

Туркије: Пролетта во Сакарија на љубителите на природата им нуди прекрасна глетка

- Маргаритките, зумбулите, лалињата и виолетовите шумски цветови кои цветаат во пролет ја обоија околината на турската планина Чам, со надморска височина од 900 метри, сместена меѓу областите Кочаали и Хендек во Сакарија

Davut Genç  | 07.04.2025 - Обновена : 07.04.2025
Туркије: Пролетта во Сакарија на љубителите на природата им нуди прекрасна глетка

САКАРИЈА (АА) - Маргаритките, зумбулите, лалињата и виолетовите шумски цветови кои цветаат во пролет ја обоија околината на турската планина Чам, со надморска височина од 900 метри, сместена меѓу областите Кочаали и Хендек во Сакарија, известува Анадолу.

Овој регион, кој се наоѓа на патеката на природата и културата, нуди мирна атмосфера за љубителите на природата со својата структура опкружена со елки, борови, багреми и костени. Со доаѓањето на пролетта целото подрачје е обоено во илјадници нијанси на зелено.

Расцутените маргаритки, зумбули, лалиња и виолетовите шумски цветови им нудат на посетителите уникатно искуство при прошетката по планината во придружба на звуците на птиците.

Со доаѓањето на пролетта ова место стана центар на атракција за љубителите на фотографијата, оние кои сакаат прошетка во природа и за камперите. Посетителите имаат можност за уникатна прошетка меѓу „цветните полиња“, да дишат свеж воздух и да бидат сведоци на повторното будење на природата.

Во исто време, на планината Чам, која е еден од центрите за производство на мед од костен регистриран со географска ознака, продолжуваат пчеларските активности, кои започнаа со цутењето на костеновите дрвја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.