Vesna Besiç
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
МОСКВА (АА) - Температури кои се движат до 16 Целзиусови степени беа причина што голем број граѓани и туристи одлучија денот да го искористат за прошетка на Црвениот плоштад во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните ги исполнија шеталиштата, плоштадите и парковите, минувајќи го времето со пријателите, милениците или читајќи книга.
Овој „пролетен“ ден дојде по нискиот температурен бран што ја погоди Русија, земја во која снежната покривка се задржува најчесто до крајот на март.
Рекордната температура во Москва за овој период од годината била забележана во 1927 година, кога биле измерени 12,6 степени Целзиусови. Таа година, Русија беше погодена од големи шумски пожари и суша поради високите температури на воздухот.