Туркије со бројни манифестации го одбележува Денот на Републиката
– Делегација предводена од претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на современа Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
АНКАРА (АА) - Во Република Туркије денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври - Денот на Републиката и 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, известува Анадолу.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган придружуван од државните претставници го посети Аниткабир по повод 29 Октомври - Денот на Републиката.
На церемонијата на патеката на лавовите до мавзолејот претседателот Ердоган го придружуваа претседателот на Големото национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, потпретседателот Џевдет Јилмаз, претседателот на партијата ЏХП Озгур Озел, претседателот на МХП Девлет Бахчели, членовите на Претседателскиот кабинет, шефовите на повисоките судски тела, Началникот на Генералштабот на Туркије, армискиот генерал Метин Ѓурак, и командантите на силите.
Денот на Републиката се слави низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон па до Газиантеп и Кахраманмараш.
Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се слави на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката беше прогласена од воениот водач Мустафа Кемал Ататурк, кој тогаш беше избран од Големото национално собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.
Еден од најголемите национални празници е обележан со низа манифестации низ земјата, а беа положени и венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.