Diyar Güldoğan
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Уште осум бродови ги напуштија украинските пристаништа во рамките на договорот за извоз на жито склучен во Истанбул, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството, кое не ја открива појдовната точка на бродовите, се наведува дека испораката од украинските пристаништа продолжува според планираното.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораката.
Од првиот брод, кој според договорот ја напушти Украина на 1 август, досега со над 290 бродови се извезени повеќе од 7 милиони тони земјоделски производи.