Mehmet Kadir Kılınç
12 Септември 2023•Ажурирај: 13 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската медицинска компанија „Инвамед“ започна нова ера со основањето институт за медицински иновации, јавува Анадолу.
Институтот за медицински иновации на Инвамед е основан како центар насочен кон обликување на иднината на здравствената индустрија, се истакнува од компанијата.
Се додава дека овој значаен потфат е доказ за визијата на „Инвамед“ да ги подигне иновациите во медицинскиот сектор на невидени нивоа.
Новоформираниот институт, подготвен да соработува со бројни национални и меѓународни универзитети и истражувачки центри, има за цел да обезбеди неограничени можности за научниците, истражувачите и академската фела подеднакво, соопшти компанијата.
Директорот на „Инвамед“, Рашит Динч, ги истакна револуционерните проекти на институтот кои опфаќаат користење на роботика, вештачка интелигенција, виртуелна реалност и технологии за 3Д-печатење во области како што се производството на ткива и лекови.
„Неодамнешните иницијативи треба да ја револуционизираат здравствената индустрија“, нагласи Динч.
„Институтот е повеќе од само истражувачки центар; тој ќе биде епицентар на иновации, каде теоретското знаење ќе се трансформира во практични решенија. Нашиот пристап ќе опфати различни аспекти на овој сектор“, додаде тој.