Ekrem Payan
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
ШИРНАК (AA) - Турската авијација неутрализираше четворица вооружени терористи на ПКК, недалеку од Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на терористите неутрализирани во последните два часа е зголемен на 13. Терористите на ПКК се неутрализирани со помош на беспилотно летало.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на терористичката кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.