Tevfik Durul
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
АНКАРА (AA) - Одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, за дополнително оданочување на нашиот челик и алуминиум е неспојлива со државничка сериозност, порача гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дополнителното американско оданочување на челикот и алуминиумот е спротивно од правилата на Светската трговска организација. На секој чекор на САД во врска со Турција ќе биде одговорено како и досега“, рече Аксој.
Како што рече, Турција е секогаш за решавање на проблемите со дипломатија, дијалог, добра волја и меѓусебно разбирање.
Потсетуваме, американскиот претседател на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција нагло ја загубила вредноста во однос на американскиот долар и дека одобрил воведување двојни царини на челикот и алуминиумот кои се увезуваат од Турција.
Трамп во својата објава имаше напишано: „Стапката за алуминиумот ќе изнесува 20, додека за челикот 50 отсто. Односите со Турција во овој период не се добри.“