Hüseyin Bağış
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
ИЗМИР (АА) - Минатата година турската крајбрежна стража спаси 15.174 нерегуларни мигранти истуркани од грчките безбедносни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од нив, 6.595 нерегуларни мигранти се спасени во Измир, 2.945 во Мугла, 2.909 во Ајдин, 1.570 во Чанаккале, 1.126 во Баликесир и 29 во Анталија.
Минатата година беа пронајдени телата на 15 нерегуларни мигранти.
Нерегуларните мигранти, кои ги напуштаат своите земји поради граѓански војни и превирања, тргнуваат на патување во надеж за воспоставување подобар живот во Европа, но се соочуваат со лош третман од страна на грчките сили на море.
Грчките сили им ги одземаат личните работи на мигрантите и потоа ги туркаат назад во турските територијални води, уништувајќи ги нивните гумени чамци или моторите.
Командните тимови на турската крајбрежна стража спасуваат нерегуларни мигранти кои се соочуваат со смрт во Егејското и Средоземното Море.