Ali Murat Alhas
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските беспилотни летала денеска неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во официјалното соопштение, турското Министерство за одбрана истакнува дека антитерористичките операции против ПКК во северен Ирак продолжуваат без запирање.
„Нашите вооружени беспилотни летала неутрализираа уште тројца припадници на сепаратистичката терористичка организација во регионот Зап“, се вели во соопштението.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката ПКК во регионот на Хакурк во северен Ирак, по што следуваше нејзината втора и трета фаза во јули, односно крајот на август.
Според Министерството, во текот на изминатите четири месеци во северен Ирак неутрализирани се над 400 терористи на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.