Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Hilal Karyağdı
25 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Египетската војска соопшти дека се неутрализирани некои од терористите кои ги извршија бомбашкиот и оружениот напад врз џамијата Равда која се наоѓа во египетскиот град Ариш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетската војска, полковникот Тамир ер-Руфаи, во писмено соопштение истакна дека воздухопловните сили ги следеле и ја откриле нивната локација во подрачјето Ел-Хадес во Ариш, при што биле уништени неколку возила во кои се наоѓале и терористите.
Руфаи вели дека терористите кои се наоѓале во возилата биле неутрализирани при воздушниот напад, а не даде информации околу бројката на неутрализираните терористи.
Исто така, портпаролот на египетската војска нагласи дека за време на операциите за пребарување бо оваа област, биле уништени и некои терористичи ќелии во кои се наоѓале складишта за оружја.
Според соопштеното, во вчерашниот бомбашки и оружен напад врз џамијата Равда во градот Ариш извршен за време на петочната молитва смртно страдаа 235 лица, а 109 лица се повредени. Во земјата беше прогласена тридневна национална жалост поради овој напад.