Yeşim Sert Karaaslan
02 Октомври 2023•Ажурирај: 03 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Турски борбени авиони вчера уништија 20 позиции на терористичката група ПКК и неутрализираше голем број терористи во воздушните напади на засолништата на оваа терористичка група во северните делови на Ирак, во близина на границата со Туркије, објави Министерството за национална одбрана на Турије, пренесува Анадолу.
Акциите се започнати за да може преку неутрализација на ПКК и на другите терористички елементи „да се елиминираат терористичките напади врз нашиот народ и безбедносните сили од Северен Ирак“ и да се зачува безбедноста на границата, во согласност со правата на Туркије на самоодбрана што произлегуваат од член 51 на Повелбата на ОН, се наведува во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.
Во воздушните напади се погодени цели на терористите во регионот Хакурк, Кандил и Гара.
Во соопштението се наведува дека се преземени сите мерки за да се спречи штета врз недолжните цивили, пријателските елементи, историските и културните добра и животната средина.
Терористите на ПКК често се кријат преку границата, во северните делови на Ирак, од каде што планираат терористички напади во Туркије.
Турските власти го користат изразот „неутрализираат“, имплицирајќи дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или се заробени.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени, деца и новороденичиња.