Mümin Altaş
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
АНКАРА
Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) изведе акција во ирачкиот град Сулејмание и го неутрализираше сирискиот терорист Хусеин Шибли, копретседателот на централниот совет на таканаречената сириска автономна администрација на терористичката организација ПКК, известува Агенција Анадолија (АА).
Неименуван безбедносен извор соопшти дека станува збор за терорист кој го користел кодното име Ферхат Дерик и кого лидерите на терористичката организација ПКК од планината Кандил го ангажирале за терористичките активности во Ирак.
Утврдено е дека терористичките водачи од Кандил го задолжиле терористот Шибли да воспостави односи на интерес со трети земји надвор од регионот и во Ирак да формира нова терористичка структура.
Терористот Шибли е неутрализиран во Сулејмание со операција на турски МИТ на локација оддалечена 275 километри од границата на Туркије и Ирак.
Шибли беше еден од најблиските соработници на Абди Шахин, со кодно име „Шахин Џило“, кој важи за еден од водачите на терористичката мрежа на ПКК во Сирија.
Терористот Шибли со потекло од Сирија, на терористичката организација ПКК ѝ се приклучил во периодот кога во Сирија бил терористичкиот лидер Абдулах Оџалан.
Учествувал во терористички активности во Сирија и во северниот дел на Ирак. Од 2019 година беше поставен за копретседател на централниот совет на таканаречената сириска автономна администрација на терористичката организација ПКК.