Mümin Altaş
25 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
АНКАРА (АА) - Турските разузнавачки сили неутрализираа висок терорист на ЈПГ/ПКК во Северна Сирија, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.
Мехмет Сари, со кодно име Баран Куртај, беше цел на антитерористичката операција спроведена во сириската област Камишли на 14 април.
Сари отишол во Сирија во 2014 година по терористичките напади во Туркије.
Сари, инаку одговорен за терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на Рака, бил во контакт со водачите на ПКК.
Тој учествувал во терористички активности во Рака, Сирија.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, убила повеќе од 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и стари лица, во период од повеќе од 35 години. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.