Zafer Fatih Beyaz
28 Јули 2023•Ажурирај: 29 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира висок терорист на терористичката организација ПКК во северен Ирак, близу турската граница, соопштија турски безбедносни извори, пренесува Анадолу.
МИТ утврди дека Месут Џелал Осман, со кодно име Загрос Чекдар, насилно регрутирал млади луѓе во Сирија и наредувал изведување напади врз Турските безбедносни сили, а во 2018 година преминал од Сирија во Ирак, истакнаа изворите што сакаа да останат анонимни.

Според изворите, Осман, еден од таканаречените провинциски команданти на ПКК во Синџар, Ирак, бил назначен од терористичката организација да бара поддршка бидејќи организацијата ја губела моќта во регионот.
Осман е неутрализиран додека одел на состанок на терористичката организација во Синџар.
Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак, недалеку од турската граница, за да планираат напади.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучително жени и деца.