Gülsem Adam
28 Јули 2023•Ажурирај: 29 Јули 2023
АНТАЛИЈА (АА) – Екипите на терен и понатаму се борат со шумските пожари на подрачјето на Кемер во турската област Анталија, јавува Анадолу.

Се вложуваат напори за локализирање на пожарот, кој во понеделникот избувна во шумското подрачје во округот Гојнук Дегирмендере.

Пожарот се гасне по копнен и воздушен пат, а во гаснењето учествуваат голем број канадери и хеликоптери. На теренот има голем број прскалки, противпожарни возила и шумски работници, кои се борат со огнената стихија.