Bülent Mavzer
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ИГДИР
Турски универзитет ќе спроведе истражување за да го открие видот на животното чиј скелет беше пронајден од страна на работници додека копале во дворот на една фабрика во источна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Минатата недела, додека копале во дворот на стара фабрика за предење во источната турска област Игдир, работниците откриле комплетен скелет на животно високо речиси еден метар, со заби на предатор.
Откако забележале дека некои ткива на скелетот не се распаднати, работниците ја пријавиле ситуацијата на професорите во Центарот за примена и истражување на биодиверзитетот на Универзитетот во Игдир.

Професорите кои дојдоа во реонот каде што се вршело ископувањето, го зедоа скелетот и го однесоа на Универзитетот за дополнителни испитувања.
Белкис Муџа Јигит, предавач на Универзитетот во Игдир, за АА изјави дека тие ќе се обидат да го откријат видот на животното по испитувањето.
„Потоа ќе се погрижиме овој скелет да биде сочуван во музејот“, додаде Јигит.
Раководителот Јусуф Китај рече дека работниците го пронашле скелетот додека работеле во реон кој не бил користен во последните 30-40 години.
„Обликот на скелетот го привлече вниманието на работниците и тие ја пријавија ситуацијата на властите“, рече Китај, додавајќи: „Ние особено забележавме дека неговите задни екстремитети се долги. Ги информиравме властите дека можеби се работи за интересен вид, бидејќи неговите стапала немаат копита туку нокти, и исто така има остри заби.“
„Истражувањето ќе биде спроведено, и ние, исто така сме љубопитни. Се надевам дека нешто интересно ќе се открие што ќе биде корисно за науката“, додаде тој.