Talha Yavuz
22 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
КИЕВ (АА) - Турција и Украина заеднички ќе произведуваат корвети во бродоградилиштето Океан во Николајев, Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од бродоградилиштето се наведува дека во рамките на воените договори потпишани на 14 декември, потпишан е Меморандум со Претседателството на одбранбените индустрии на Турција за производство на корвети за морнарицата на Украина.
Исто така се нагласува дека бродоградилиштето е избрано од Претседателството за одбранбени индустрии на Турција бидејќи ги има потребните спецификации, како и квалификуван персонал.