Zeynep Beyza Kılıç
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
АНКАРА
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, изјави дека турскиот извоз на минерали се зголемил за 48 отсто во периодот меѓу јануари и септември оваа година, во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 4,38 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кина, САД и Шпанија беа првите три земји за извоз, со Индонезија, Узбекистан, Хонгконг, Албанија и Србија кои се новододадени на листата на извозни пазари на Турција.
„Придонесот на рударскиот сектор во бруто-домашниот производ на Турција е масовно зголемен од 11 милијарди турски лири во 2009 година, на 59,2 милијарди лири во 2020 година“, рече Донмез.
„Турција има најголеми резерви во светот на бор, перлит, трона, пемза, бентонит, пирофилит, фелдспат, зеолит, барит, магнезит, хром, лигнит, гипс, мермер и цементни суровини“, рече тој.
„Од 90 типови минерали произведени во светот, Турција има 80“, изјави тој.
„Технолошкиот напредок и понатамошното истражување и развој се неопходни за да се искористат сите придобивки од таквите големи резерви“, додаде Дон.