Muhammet Emin Avundukluoğlu
16 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили од 24 јули 2015 година досега неутрализираа 32.901 терорист во Турција, Ирак и во северниот дел на Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, за време на своето обраќање на Комисијата за планирање и буџет во Големото народно собрание на Турција.
Акар нагласи дека 2.426 од овие терористи се неутрализирани оваа година.
Од 2016 година, Турција реализираше три успешни антитерористички операции во северниот дел на Сирија, како што се „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да го спречи формирањето на терористичкиот коридор и да обезбеди мирно населување на жителите.
Терористичката организација ПКК води кампања против Турција, која трае повеќе од 35 години.
Турција, САД и Европската Унија ја сметаат ПКК за терористичка организација, одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи, жени, деца и новороденчиња. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.