Турција

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на трилатерален состанок во Хрватска

На маргините на трилатералниот состанок Хакан Фидан ќе оствари и билатерални разговори

Muhammed Yasin Güngör  | 28.06.2024 - Обновена : 29.06.2024
Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на трилатерален состанок во Хрватска

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ќе ја посети Хрватска за да учествува на утрешниот состанок на трилатералниот советодавен механизам меѓу Туркије, Хрватска и Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Фидан ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Механизмот во хрватскиот град Дубровник, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи.

На маргините на трилатералниот состанок тој ќе оствари и билатерални разговори, додаваат од Министерството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.