Nilay Kar
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе ја започне официјалната посета на Норвешка, на покана на норвешкaта шефица на дипломатијата, Ине Ериксен Сореиде, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение, турското МНР истакна дека за време на дводневната посета ќе биде разговарано за сите аспекти на билатералните односи, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Турција и Норвешка.
Се додава дека на средбите ќе стане збор и за регионални и меѓународни прашања.
Се предвидува Чавушоглу да оствари средба и со турските граѓани и бизнис-заедницата во Норвешка.