İsa Toprak
29 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на турскиот претседател, главни теми на разговорот на двајцата челници беа билатералните односи и последните случувања во Сирија.
Ердоган и Трамп се согласија да биде продолжена соработката со цел заштита на цивилите и спречување нови хуманитарни кризи во Идлиб во кој и понатаму траат напади на сирискиот режим.
Во соопштението се наведува дека Ердоган изразил задоволство за чекорите кои се преземени во врска со Иран на неодамна одржаниот самит Г-7 како и за именувањето на Дејвид Сатерфилд за амбасадор на САД во Турција.
Двајцата претседатели повторно ја потврдија решителноста да го зголемат обемот на трговската размена на 100 милијарди долари.