Mustafa Çalkaya
29 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Адил Караисмаилоглу, истакнувајќи дека Аеродромот „Истанбул“ од отворањето до денес има добиено вкупно 31 награда и сертификат, рече дека е меѓу првите 10 аеродроми во светот, и дека ги има добиено наградите „Најдобар аеродром во Европа“ и „Најпристапен аеродром“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Караисмаилоглу во соопштение наведе дека Аеродромот „Истанбул“, чии темели се поставени во 2014 година, а отворен од претседателот Реџеп Таип Ердоган на 29 октомври 2018 година, на годишнината од основањето на Републиката, со многубројните карактеристики го запиша своето име со златни букви во историјата на авијацијата во Турција и светот.
Посочувајќи дека Аеродромот „Истанбул“ придонесе Турција да биде меѓународен центар за трансфери, Караисмаилоглу рече дека оваа ситуација ја донесе Турција на врвот во глобалната авијација.
Караисмаилоглу нагласи дека Аеродромот „Истанбул“ беше домаќин на 104.019.599 патници и 734.599 лета:
„Аеродромот „Истанбул“ својата работа со брзо темпо ја продолжи и за време на периодот на епидемијата на Ковид-19. Започна да опслужува 11 нови авиокомпании кои летаат до 26 дестинации. Аеродромот „Истанбул“ има уникатен дизајн кој ги комбинира модерноста и функционалноста. Инспирацијата ја зема од културното наследство на Истанбул. Истанбулските џамии, бањи, куполи и многу други историски градби се детално извезени во проектната архитектура на аеродромот, додека турско-исламската уметност и архитектонските мотиви даваат убавина, текстура и длабочина на проектот. Контролната кула на Аеродромот „Истанбул“ е инспирирана од фигурата на лале, кое е симбол на Истанбул со векови и има културно значење во турско-исламската историја. Контролната кула е висока 90 метри и е дизајниран од страна на компанијата AEКOM и од страна на еден од светските водечки дизајнери Пининфарина, кој е и дизајнер на „Ферари“. Исто така, добитник е на Меѓународната награда за архитектура.“
Наведувајќи дека Аеродромот „Истанбул“ има добиено вкупно 31 награда и сертификат од денот на неговото отворање до денес, Караисмаилоглу рече дека аеродромот е меѓу „топ 10 аеродроми во светот“ и дека ги има добиено наградите „Најдобар аеродром во Европа“ и „Најпристапен аеродром“.