Sorwar Alam
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре ќе оствари официјална посета на главниот ирачки град, Багдад, се соопштува од министерството, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот почитуван министер ќе го посети Ирак на 23 август 2017 година, за да разговара околу прашањата во врска со односите меѓу Турција и Ирак“, се вели во соопштението од министерството.
За време на неговата посета, Чавушолгу ќе се состане со ирачкиот претседател Фуад Масум, премиерот Хајдар ал Абади, шефот на Советот на претставници на Ирак, Салим ал-Џабури, министерот за надворешни работи Ибрахим ал-Џафари и ирачко-туркменските политичари.
„По неговата посета на Багдад, Чавушоглу ќе го посети и ирачкиот град Ербил за да се состане со Масуд Барзани, претседател на Курдската регионална влада“, се додава во соопштението.